Новости

Битолски трачарлуци

Ситуацијата е под контрола или на седатив?

Во ред, различни ставови, различни мислења. Моето е слично на оние нервозните чоечиња на кои не им штима баш работата! Се повеќе актуелнава ситуација во нашата ни чудесна земја ми изгледа на урнебесна комедија. Па затO театрите немат работа и не се интересни нивните претстави. Зато шо ова шоу шо ни го презентираат не мОј да го измисли ни Спилберг! Вестите се толку урнебесни деновиве, шо да ти е мерак да си испукаш пуканки, да си пукаш сеир или па да се испукаш сам.

Ама некако ко да не е за сеир појќе работата. Ова е реална драма шО до пред некое време беше комедија,али сега има представка ,,траги”. Трагикомедија. Се крадат умрените во ковчези, се тепат полициајци. Службени лица тепат граѓани. Се бега од болница ко на филмојте, со украден мантиЉ докторски гоа примариус поминва. Се сменват споменици, се чкрта сменатото… Попара во умО?! Шо да му кажваме на децата?! Одлучете се! Наши се, не се?! Ами ние…џабе учевме а?!

Се намалва музиката, оти короната по децибелите трча корни, а се кулираше на журките на плажа еден во друг дури си дишевме. Али тогаш се беше под контрола. Се казнува на Широк Сокак све живо и диво без маска, а у меџувремену летАт точаци покрај нас. Чат пат и по некоја кола и моторче ќе прошета, а пошо и на Дулие портите останаја отворени, ќе се нај и некој коњ со цвикера! Епа него нема да го казнат бе сине!


И пошто ова е нели рубриката битолски трачарлуци, од најблиски извори во градинките и училиштата постои соба за самоизолација во која го транспортират детето на сред настава. Само, во четири ѕида, ко казнето. Значи соба! То ти иди како современа магарешка клупа! Му идат болничари по скафандери, шо детето бај д веј, ги доживува како чудовиштата од Марс или месечина, му земат брис на лице сместа и такво трауматизирано го пуштат дома со можен муабет:,,Пу пу не важи!” Тешко е педагошки да се пристапи во овај башибузук!

Кој кого лажи?! И како то короната така мекамски селективно влегва само во градинки и училишта?! Та демек нејки да се коцка?! Не ја занима политика?! По мое, хејтам кон сите мерки. Сите се апсурдни. Ама и ние сме апсурдни и ваљда баш и не ни е гајле оти ко круши умират луѓето. Немаме самосвест, немаме совест,нема грижа, немаме здравствено образование, потценуваме стручни мислења…( Ама се е тоа резултат на лажни вести.) Но, најважно не сме едно. А цело е кига има се нели. Нашите делчиња од тоа се, веќе е распрсканo некаде во странство
со бугарски пасоши и лупа ко коњ со метлата в раце.

Битола се распаѓа пријатели. Секој втор дуќан се издава…Се издаваат бизниси за без пари…Е тој е ударниот Time Out каде треба сите да се погледниме в очи и да се запрашаме:,,Луѓе што направивме!” Капитулира Виа Игнација и не се занесвајте со восхити и носталгични коментари вие гастрбајтерите оти ништо не е исто. Колку што патите вие по оној конзулски град, толку и ние. Колку што вам ви фали, толку и нас ни фали. Ни фали вашето :,,СЕ” во целото, а не вашата носталгија и сожалување. Ама остана уште калаузО на последната порта да се клај и …THE END… Во една парафраза на Тихо Брахе се вели:,,Не дозволувајте да изгледа дека живеевме за џабе!” А изгледа. И живеевме!

GOLD
To Top