Новости

Битолски трачарлуци

Скриен не скриен – барам!

Застанале, ништо не прат. Само дремат по кафиња, се дебелат, јадат по кафани, се гојат, плукат и курназите си крцкат со муабети за туѓите животи. Копаат гробови за нив, се инаетат, полни се со омраза, со завист, комплекси и фрустрации на сите страни!

Од мали не ги играле во друштво, не ги викале на санкање, скијање, пливање, ластик, куку – топка, играње, џускање, а ко ќе играле криенка, секогаш биле тие шо лежат. „Скриен не скриен – барам!“ И така цела ноќ, се дури на лиглињата мама и татенце ќе му дојделе и ќе му ги избришеле мрсулчињата!

Сега тие истите се нешто, сега тие истите се шефој. Сега тие истите ти се понашат, ти се смеат в лице и се лигат. А и да не ти се, секогаш ти застанват на патот, само за да си го пополнат мракот во душичката. Уште смрдат, душата им мириса на зло. Секогаш се неиспеглани макар и во Армани. Лоша реклама. Фејк интелегенСии.

Пу за сите спас!

Евротип
Евротип
To Top