Новости

Битолски трачарлуци

Страв, параноја или вистина? – Шо ни се дешава со пандемијата?

И дури сите се надевавме дека ќе застани цела работа и рает ќе излезиме на Широк Сокак, ќе дринкниме кафе и ќе го лигајме лајчето без паника дека ќе не фати корона оти истото не е дезинфицирано, некако ситуација не се стишва. Добиваме некое чувство дека или сме во некоја временска машина шо ни прај „напред – назад“ и не вози без да заприметиме, или пак добиваме чувство дека стоиме в место? Кај сме, шо сме…кизнеј како да речи чоек.

…И ок е да паничиме и да сме претпазливи, ама се појќе ова се претврора во параноја. Термин кој некогаш го сфаќавме здраво за готово, сега навистина се случва. Ги оживеавме сите лоши мисли, негативни емоции, целиот песизмизам се бери наоколу дури не експлодираме во умот, а после од короната. Не ме обвинвајте одма со коментари оти треба да се плашиме, оти има толку и онолку заболени и тако даље. Не хејтам и не велам оти овој „ѓаОл“ не постои, ама паниката шо се дешава е „понесварлива“ од вистината. Застанете, стабилизирајте се, размислете, соберете се. Која е опцијата шо ја имаме? Вакцини? Нејќиме? Немаме? Која е вистината? Ова чудо постои! Која е мерката за претпазливост? Сите ама буквално сите да сејме само по дома! А можиме да не работиме? Не можиме. А сејме сите по дома? Не сејме. Ако јас седам, другите излегват и обратно. Неминовно е… Неминовно е и да се плашиме, ама уште тоа ни фали. А се плашиме! Паничиме, тешки параноЈ не фаќат! Се појќе чоечиња шетат низ Корзо и си прат муабет со два – тројца гости (во глата). Страв? Паника? Изгледа… Нема каде да бегаме! Ако е ова последното, барем дај да не живееме во страв. Оти има страв и страв! Ова е веќе ненормален!

GOLD
To Top