Новости

Битолски трачарлуци

Тик – ток или куку топка?

Кои се новите генерации и дали ги контролира некој денес? А дали пак Уопште треба да ги контролира некој и дали ние ако бевме во ова денес, истото ќе го праевме? Дали сВетот не знај кај тера или сЕтO не знај кај тера?
Знат ли родителите шо чачкат на таблет нивните деца? Одамна е муабетО оти му се фрла технологијата в раце на синето, само за пет минути рает. Помина муабетО: ,,Пет минути слатко, цел живот татко.” Сега по новото е: 5 минути рает, цел живот кабает.

Блогерки, блогери, џипери, трендсетери, тиктокери?! Кај замина светО?! Шо се учи и шо се придонесва со овие дејствувања? Дејствувања, занимања, занаети се? Шо се?! Шо е муабетО?! Која е поентата ако се облечат ко лепотици и се сликат пред некоја порта? Или ако го сликат јадењето или ако се снимат…Не знајме за шо се снимат! Или можи ние многу остаревме па сме поглупи од овие новиве и не го чактисваме штосот!


Инстаграм, снепчат, фејсбук. Веќе е докажано дека во овие ,,институции” се случува т.н. густирање на содржините и затоа се појавуваат оние краткотрајни дневни ,,известувања”, по наше СТОРИЊА! Дури сега се гледа и пак се докажва дека луѓето се вреднуват по лајкови, па ете генијалците доаѓаат до заклучок на пример кај инстаграм, лајкованите фотографии да ги гледаме само ние. Егото е лажно, градиме погрешна суета, младите прават нешто, но не знаат што. Се прават статии и појќе се издигнувАт оние деца кои постигнале многу како трендсетери, гејмери или тиктокери и кузнеј шо даље. А оние деца кои постигнуваат вистински резултати во полето на математика, физика и слично, едноставно денес се игнорираат. Се игнорира светот надвор, па воздухот и така и така се поочигледно е дека нејкиме да го дишиме. Виртуелно, нереално, замислено, беспредметно!

А шо пак се дешава со наводните дискусии под извесно мислење за одредена тема во групите на фејсбук?! Барем кај нас, само ОМРАЗА! Гнев, растројство, фрустрации. Квазиинтелегентни стануваат и тие што не беа. Образованието и така беше лошо, па сега веќе го нема. Хаос во училиштата, градинките, хаос кај професорите. Жалби и поплаки за ,,он лајн” наставата. Епа дури учеа како да се справат и да се расправаат со погоренаведените социјални мрежи, можи ќе научеа нови програми и чекори за успешно изведување на ,,on line” настава особено во вакви вонредни ситуации. Секаде има злоба, а моментално виртуелните групи, се некако најпогоденото место за чоечињата да се истушат и да ги изват ѓаолиштата! Притоа не прајме муабет за дебатни разговори и поткрепени констатации и контрадикторности, ами за прости и кочијашки пцовки и клевети. Па дури и сето тоа да е убаво напишано, поддржано и граматички точно, сепак гневот е на виделина? Зошто?! Оти мора да се наметни мислење и не можи да е некој друг во право па камоли да има свој став. Во една група, еден сограѓанин, напиша:,,На улица ,,таа и таа” има куче скитник. Внимавајте бидејќи е гневно и може да ве касни!” Коментарите под овој статус, предизвикуваат чувство на срам од нашиот народ.( барем кај мене, така да или јас не чинам или ова се е заминато)

Гнев кон напишаното, чудење, гадење…
Шо значи срам од државата. Да да! Срам од земјата во која живееме! Никој не го нападна кучето, никој не ги нападна луѓето, само се предупредува и се бара чаре! Но, одоздола имаше како прво милион коментари и плукања кон господинот во стилот:,,Не е криво кучето, ѓаоли сте зато ќе ве јади!” Или ,,Шо ви е крива та мачна душа! Орман фатете сите! Кучињата осеќат злоба! Да дај Господ да ве изеди” Или ,,А ти да не не касаш!” Или ,,Море да ти тиииит државата! Да ти тиииит луѓето! Да ти тиииит семето!”
И во други групи има кавги. Кај оние политичките, фала богу најпојќе:,,Море тиииит ни ја расплакавте! Само не лажите! Да ви умри се до седмо колено!” Расправии дури и кај мамичките:,,Мамички денес му дадов перуанска јаготка. По неговата насмевка се гледа колку му се допадна!” Долу коментарите:,,А од кај ја зеде од Перу?!” или ,,А тој шо нема, шо да прај! Вие сте само искомплексирани ништо друго!” ,,Оставете ја жената на раат!” Никој не рече да се караме. Никој не вели да ја вреѓаме конкретно таа мамичка. Еве и јас мислам дека не е во право, ама нити влегвам во дискусија па камоли да се расправам. Не е оти не сум кавгаџија… Ама во живо. Шо е работата бе чоечиња? Немате глас?! Не можите да викните?! Да се конфронтирате надвор од виртуелното?! Кој е вашиот проблем. Само замислете си… Само замислете си. Шо ако цел овој бес и гнев се случваше во живо по улици?!

Сите да се дереја, да се пцуеа, да глумеа исто ко на снимките, да стануваа во рестораните на стол качени и да викаа:,,Видете што јадам”. Или овие фешнојте, да викаја:,,Алооо, видете колку убава сум облечена!” И после со еден тефтер и од чоек на чоек да видиме кој ќе речи лајк. Ама не. Цел овој циркуз не можиме да го замислиме надвор! Надвор сте кукавици! Молчите! Ќутите пред системот, ја наведнувате глата ко ќе го водите тој истиО шо сте го фатиле в гуша на фејсбук, си клавате маска и глумите Венеција. Е не е ова маскембал милички! Признајте си барем пред себе си. Дај малку самокритика. Кај заминавме?! Мислам оти знајме кај грешиме, то е кажано бре луѓе! Како да се попрајме сега?!
Лажни вести за луѓе од шоу бизнисот, наслови како:,,Познатата пејачка го помина летниот одмор заедно со нејзиното семејство. Еве неколку фотки!” И сите отвараат и нормално одоздола коментираат:,,Уф па нас колку ни е гајле кај била!” или ,,Е баш ја мислев да ви кажам право. СеА рает ќе бидам.” Грешат и новинарите, грешат луѓето. Не смејш да дишиш, несмејш грешка да напрајш по улица, се се снима! А кој те снима?! Кој е тој зад камерата и колку е тој вреден да ти суди?!
Што правите дечки тиктокери?! Шо се случва со вас?! Од друга страна ве разбираме, тренд си е тренд, ама зошто се повеќе сте зависни?! Има ли крај ова виртуелно лудило или чекаме во светот да снема струја, па рестарт да маниме или ,,шатДауннн”!!!
Блогерите праеле пари на следниов начин:,,На мојот профил имам милион следбеници. Јас ќе направам преубави фотографии од вашиот хотел, од вашата кујна и ќе ви направам неверојатна реклама! За возврат, вие ќе ми обезбедите бесплатен смештај кај вас и престој каде ќе ги користам сите ваши услуги!”
Хуманитарните организации:,,Споделете итно му треба помош на овој господин кој живее во ужасни услови без струја, вода, храна!”
Коментари:,,Некој профитира на ова! Лажите” друг: ,,Јас разбрав оти ова нема врска, арамии срамота!” ,,Не е лага, вие сте ненормални!”
Бизнис, фама, лажно его, намалување на интелектуалната перцепција, создавање на асоцијализирани роботи. Ова е некоја шема очигледно. Некој сака да расипе нешто тука.. или?! Ок, да не звучам и јас ко во овие групиве, ама ајде да размислиме?! А?! Или не а?! Ок, заборајте се шо кажав. Онака реков во муабет да се најдам. Не мора да ме колните! Оти знам, еднаш Дустани напишав место Фустани и ќе ме бесеја кај сатО за малце. А вие, само трчкајте си! (Ништо против настанот, само збораме метафорично за правецот?! На кај одиме?! И трчаме или сме в место?! Во круг нели?) И на крај, шо?! Ќе се разбудиме еден ден, ама ќе биди касно.

GOLD
To Top