Новости

Битолски трачарлуци

Типови на гости шО стално ги има по свадбите!

Photo by Omar Lopez on Unsplash

Очајна девојка

За неа сите членови од семејството си мислеле дека прва ќе ,,рипни” в тавче, ама ете ја…На првиО валцер седи сама. Чека да ја викни некој да заигра и хејта во умО, уверувајќи се (за да и биди полесно) дека љубовта не постои и оти сите глумат лажни бракови, патетичарат и драмат.

Изгубени тинејџери

Ова се оние ,,фаци” шо стварно нејќат да бидат присутни на церемонијата. Мразат, фолк, турбо фолк, гледаат кон гостите со презир и си ја мразат сликата во огледало оти мајка им ги натерала да ,,обесат” на нив аутфит шо го следи исклишираниот код за свадбите. Ципела костум, кравата кај машките или светни угасни халина кај девојките. Али и во овај случај топката ја фрламе на понежниО пол, оти тие сами си го одбираат кич моделот, само да блескаат на Тик Ток пред ,,мувачО”.

Задолжителен гостин кој ти го прај есапО и критикува

Колку ја плативте кафаната, колку е порцијата, многу пари, а Натре ништо нема! Не требало да ја одберат ова кафана. Имало поуба за тие пари! Јадењето не чини, музиката катастрофа, цела свадба утка!

Другарките на нЕестата!

Први на оро, во долги фустани од на 6000 кркачи и пластични фаци. Мора да изгледАт како штотуку да излегле од фабрика, мазни во ,,суратите”, сто кила шминка, малтерисани ,,испунџани”. Фотки на инста – задолжителни. Тешко на нивните мажи оти пола свадба ги сликат!

Подбосени

Ќе ти дојдат стринките ѓом прицнати со феик халини од кои им наѕира салцето во грбО, на оро очигледно го згрешиле градникО и на крај обавезно ги вадат чеЛите и денсат боси.

Чичко од Австралија

Иако му е кажано да не се ,,сулава” по музиката, тој го игра тешкото. (ако врска нема, битно клечи на подиум). Врла долари на армоникашо, порачва ,,гастрбајтер” музика, се чука по гради,само тој пие виска ако нема на менито и на крај напиен ја отпетлува кошуЉата, дури жената трча по него и ѓом не и е срам се смешка преглупо.

Редари

Обично браќата и сестрите од страна на неЕстата и зетО. Се понашат ко главни и стално се во паника и се бунат кај требаше да седните и кај да ве сместат. Многу сериозно си ја сфаќат работата и обично цел ден не пијат, па се опуштат од ко ќе ја наредат ,,клиентелата”!

ГлавниО заводник

Скоцкан од глава до пети, напрскан со скапо парфемиште му се пушта на секоја втора. Најдолга врска му била 6 месеци и му се скарал ради бившата! Стално е повреден со срце скршено, али верва во ,,љубов” и дури на свадба можи да се збуни од кабадајлук и да праша некоја : ,,Шо ќе пиеш?!”

Евротип
Евротип
To Top