Новости

Битолски трачарлуци

Ужасна слика на Смолево! Ја заслужуваме ли Битола?

Да не знај чоек дали не заслужва градО, дали ние го заслужуваме него, дали се заслужуваме сами! Со оглед на актуелната ситуација и затворените угостителски објекти, на граѓаните им текна дека постои и нешто што се вика природа. И арно шо им текна, ама…

Ужас, хаос, смет! Ова е сликата шо ја оставАт правнуците на конзулските некогашни господа, боемџии, еснафи и градски ,,ефендивковци”. Внуците очигледно им се прекрстиле во ,,ефендипарталковци”! Сега во гробО вентилатори имат. Се вртат те лево те десно, али никако да застанат.

Ех мој граду! Ех мој народе! За ова ли кукате на фејсбук, за ова ли се расправате и се жештите и жалите оти ништо не чини. А чисти ли ни се рацете дури се прајме кабадаи над тастатури? Чиста ли ни е мислата, душата? До кај ни е културата?

Проблемот е глобален. Ама најпрво тргнува од нас како поединци. Да си признајме и да не должиме… резил сме! Никој не не заслужва и готови сме да се откажиме од нас самите, па камоли од се останато на оваа грутка земја шО некоАш беше срцето на балканот.

Ова ли е тоа срце? Овие ли се тие бели дробови кои велите оти ги полните со ЧИСТ воздух и за кои се пуфкате со селфиња каде сте уживале во ЧИСТА средина?

Драги родители, баби, дедовци… во некој ак’л ако остана, превземајте совреме нешто и џитнете му ја метлата на младите пуфкасти крцкалчиња шо ум вадат со фантастични, ама лажни приказни и селфиња. Реагирајте пред да направат и да дозволат да изгледа дека сме живееле за џабе. И патем, кажете им дека џогерО и метлЕто не се само позадински детал за сликање во нужникО!

До кога ќе им одбиваме на глупоста?! Отворете граници и ајт сиктер…Да се истребиме од тука и да ги остајме пензионерите барем да дишат! А ние, ќе видиме дали ко гастрбајтери во една Германија вака ќе се понашаме?! Али та Германија е! Изгаснете музика, патриоти спуштете ролетни, аплауз, поклон до земја и спуштајте завеса! Ова фиаско, претстава или циркус време е да заврши!

Евротип
Евротип
To Top