Новости

Битолски трачарлуци

Фати си дечко! Мажи се! Роди му братче, себична си! – Животот на жените во неколку заповедни реченици

– Та ќе излегвала! Нема излегвање! Брзо дома да учиш! И да му поможиш на мајка ти низ дома! То е женска работа!

– Фати си дечко. Фати се дечко. Фати си! Оти не си фатиш еден дечко? Шо вака без дечко?!

– Кај го најде мори онај? Не е лош, ама можеше поарен. То е ко бираше на времето, сега ,,дај шта даш!” Убав е, ама ти поуба си!

– Не се мажиш?! А кога ќе се мажиш?! Ај и на твоја гла! Кога ќе играме на оро?! Ти планираш да се мажиш или шо?

– Роди! Оти не раѓаш?! Шо не си родиш едно дете! Аха така велиш, сега нејќиш. И јас така велев. Ќе видиш ќе сакаш да родиш уште едно. Роди му братче сестриче греота е! Ај сеа до кај си! До кога ќе чекаш?! Себична си!

– Мамо ми се јади! Дај да јадам! Ми се спие. Ќе ми раскажиш приказна?! Мамо не можам да спијам. Еј..Псс спиеш?! ,,Да. зошто?!” Ела малку покрлај ме. Мамо дај пари. Мамо можи и јас во тоалет со тебе?! Мамо нејќам ваква блуза. Мамо не пушам ти кажав! Мамо ај не ме нервирај! Мамо многу те сакам! А има нешто за јадење дома или фрижидерО за чистење ви е?!Мамо!

– До кае ручекот? Готов е? Ко ќе дом ќе ручаме? Уште колку? Подај ми го она. Дај чаша вода. Гоооол! Дај ми да јадам. Испеглај ми ја кошулата. До кае? Оти не е пеглана? Ај ова подзапеглај ја ако сакаш! Побрзо испеглај касниме.

– Ги испи апчињата?! Кога ќе ги испиеш?! Едното апче во 2 ти е да не заборајш! А сабајле се напи апче?!

– Арна жена беше. Многу арна. На никој ништо ни да му преречи ни ништо. Ќутлува, мирна, повлечена. Ај сеа кафе да пиеме. Ти чупе шо се гледаш?! Немаш момче? Кога ќе се мажиш? Шо убо чупе без дечко! Ајде време ти е!

Авторот се извинјва за БитолскиО!

пишува: Елена Трпковска

Евротип
Евротип
To Top