Новости

Битолски трачарлуци

Хејтери!

Веројатно оваа група на чоечиња е најактуелна, а и најтренди денојве. Хејтерите се нешто како овие новите модерни блогерки кои мора да го носат најактуелното парче облека од ,,Стрит стајлО” човечеее!Значиии мора први да ја актуелизираат новата мода и брендираните алишта.

Е и кај хејтерите такоџе е иста битката. Кој најпрв ќе исхејта! Најчесто ги има по фб статуси, а у задње време и во коментари!Арно -лошо, тие мора да искоментират. Тие ти се нешто слично како оние влезенковци шо системО ги мрдна Човечеее! Хејтат за светот, хејтат за актуелниО 19ка, хејтат за тие шо поштоват правила, хејтат за тие шо не поштоват! Хејтат пријатели, хејтат кафани, кафичи, настани, а исто толку хејтат и ко ќе ништо од ова нема и можат да искоментират нешо од типО:,,Поо ништо не се дешава во градО!” На хејтерите ништо не му чини и тие се уствари оние негативците, само со нов надимак! Исто ко порано шо велевме приредби, а сеа велиме проекти! Мислам Х Е Л О У!

Хејтеро ќе те застани низ Корзо и ќе ти речи отк светО пропаѓа, оти навреме не заминавме, ги праевме будали тие шо бегаЈа. ХејтерО ќе ти речи оти излегол да се излуфтира, ама џабе му е, ќе ти залај со енергетски вампоризам и че те исцица јако, па после шес кетонали нема да те распрат!

Хејтери! А кои се тие? Сите ние! Еден позитивен муабет немаме и така у пролазу го живејме животО! Да ти е страв да прогоориш со некој! Само знајме да опцуеме, да му клајме сопка на некој, да кудиме и да мразиме! Нема појќе браво, нема појќе бодрење! Ако се тони одиме сите заедно!

GOLD
To Top