,,Почекај мама, да допие татко ти и бегаме!” – Типови на гости на фамиЉарните средби

Во тек се забавите, предновогодишните беренки, а кај и да е и сите ќе се соберат в куќи со фамилиите, со брачедите и стриковците. Ако ја гледаш работата инаку, секогаш овие средби се вистински театар. Ете кои типови на гости се наоѓат на фамиЉарните трпези. Барем еден од овие, сигурно имате сретнато.
Тетката шо ,,масира” и од прва ти ја расипва вечерта:
-… И пиле како си ти? Да чекаме нешто за брзо? Ќе не изненадиш? Време ти е. Вие со трето до кај сте?… Имаш нешто на носо..
– Вие шо напрајвте со куќата? Исплативте се кредити?
ЧоекО т. н.,, Во мое време… “
Се во негово време било поубо. Музиката, ју, фичото, пепито пантаЉоните, танго ко играле во феријалното на одмор, во фустеларко ко работел, бонусите, леб ко се чекало… Ништо ние не знајме! Само, ,,трт трт” со телефоните.
ЧоекО шо ќути – Со рамената нанапред во полжав позиција и глата нурната в скут, цела ноќ ќути онака скромно се смешка ко небаре тешки операции има прележано на образите и ако се насмеј ќе му испукат. Цела ноќ нема спиено од возбуда.
Тетката шо стално нуди и шета со пајнцата по маси
Каснете си, земете си, послужете се. Еве ќе ви клам во пајнчето. Многу убај ни се благите. Чекај ќе ти дам и од соленото.
Стрико шо не те пушта да си одиш оти му се пие
Шо бе дома? Нема! Шо младина сте вие ваква… Тури му уште едно.. Нема нејќам. Куќа ова домаќинска е.
Шаштисана домаќинка – Шо ќе речи мажО то е! Трца – прца со тафтата. Докториран кеЉнер со ретро или винтиџ дрес код: долка сукња, џемпер, узвратка, нА влечка.
Латентен алкохоличар шо можи да се ,,сети” по муабетите:
Леле од кога неам пиено… Те поштовам многу! Ај да ја испијам последната чаша, да не оставаме кавга во куќата.
Политичарот
Стално, ама стално има некој шо можи така убо да ја зафркни вечерта и да пласни тема за политика на маса. Станва опето и секогаш заврша муабетО со: ,,Ех ко не заминавме совреме… ”
Главнио трчај лажи – Се имал возено со јахта со 10те најубај манакенки од БалканО! Има преживеано бродолом и торнадо свеста му ја има земено дури се дрогирал со скапа дрога во длабокото на Хаваи.
Радио милева – Слушнавте оти Митре ќе го затвора бакало? Не му одело!
Бившио со женските – Стално се фали за бившите, а женска нема пријавено никако. Бившите? Никој не ги знај.
Сингл брачеда ти на 40 години шо има бубулици од нередовен секс – Стално е мрачна, завиена во шалој и ич не му се живеј. Едвај чека да заврши вечерата, да се изгушка со мачките и да планира самоубиство.
Сингл комшивката исто на 40 (за инает на ова другата) дуздисана, пријавила шлиц, тро деколте. Се носи по најнова мода, оди на афтер парти од работа, тим билдинг забави и сикрет санта. Фрла селфиња цела ноќ и не се дели од телефонот оти има многу лајкој, а и од работа и пишат. Мрази мачки! (Освен ангорки! Мјауу!)
ПарО шо се расправа!
,,Мидлејџ” криза. Не знат дали уште се сакат. И двата имат швалери и сите на маса знат ама си ќутат.
Жената шо уште дои, пегла, чисти, пери, не спие и мажот му ја ,,зацрнил”! Детето пет години му прај и сака уште едно. Редовно се жали оти преку гла 0му е се и ќе скокни од балкун…
Готвачката – стално рецепти споделва, прашва, запишва.
Дете – Суштетство шо вика и игра наоколу, ама му паѓат батерите во,, најубото” оти требало да стани утре рано за на сколија. Меѓу другото се фалат и неговите квалитети и се констатира оти е на ,,нивниот” ген. Капацитет дете!…И фала Богу традицијата продолжува: ,,Чекај мама, да допие татко ти и бегаме!” – макар шо сега ова и за мајките важи.
