Новости

Битолски трачарлуци

Шо ако во вестите не постоеше црн хумор?!

Би можеле ли за миг да ги замислите вестите поинакви од сега овие актуелниве. На цена е денес црниот хумор, најгледани се тие трагични вести и информации, но тоа ни се пласира бре луѓе!

ШО ако вестите почнуваЈа инаку. На пример, шо би ви се десило ако слушните убај вести и денО го испрајте во плус.

Ок, сеа ќе претераме со фантазијата, али то ни остана… Да сме ,,дримери”. Ние подзамисливме вака, а вие продолжете си го во вашето сценарио:

,,Добар ден драги гледачи! А можеби и најдобар! Во ова издание ќе гледате: Светот ги запира сите актуелни војни и потпишува договор дека никогаш повеќе нема да постои оружје и сила! Месечината не не интересира повеќе и небитно е кој колку успева во тие и други работи, па натпреварот меѓу Русија и САД конечно застанува. Во нашата земја се решаваат сите случаи, има добри луѓе кои се грижат за нашиот просперитет, иднина, здравје! Системот почнува да мрднува од точка нула и полека излегуваме на море. Македонските политичари не крадат, не лажат! За промена, ова е вистина. Меѓусоедските односи се решаваат до тој степен како никогаш да не ни биле рушени.

Од денес е загарантирана работа за секого, улиците веќе од утрово почнаа да се поправаат, фасадите се реновираат, се враќаат театрите, кината, уметноста е повторно на сцена! За промена ова е вистина!

Во Битола, старата чаршија заживува. Некој чуден господин ни дава втора шанса. Луѓето се насмеани. Нашите се враќаат од странство и на аеродромот повеќе има влез отколку излез.

Земјоделието преку ноќ изненади и роди неверојатен плод спремен за извоз онаму каде што треба. Пензиите се зголемуваат, бензинот е најефтин до сега, струјата намалува и ефтината е поефтина. Секој си ја брка работата. Нема воруси, нема крај. Има љубов, насмевки и некаква пријатна енергија низ воздухот.

Времето надвор ќе биде сончево и топло до крајот на нашиот живот и не, денес не умира никој! Имајте пријатно попладне и гледајте не пак!”

GOLD
To Top