Новости

Битолски трачарлуци

Шо ќе му раскажваме на внуците и дали ќе не разберат?!

Ќе не разберат ли внуците како сме живееле? Ќе сватат ли оти пред инстаграмО сто сати лајче пластично џвакавме за да не научат оти кафе пиевме на Корзо?! Оти носевме темни цвикери за да не се гледа ко ќе цауриме. Оти си титкавме на мобилен и то значеше оти се поздравувавме, оти женоте со пегла си ги правеа косите, а алиштата едно време во мода беа да се гужвани.

Ќе се чудат ли ко ќе му кажиме оти дандало ни пукаше ко ќе ѕвонеше фиксниО во сто саат сабајле оти обично за лошо се јавуваја. Ќе разберат ли оти паметна работа беше да му речиш ,,Добар ден” дури и на комшијата шо не го знајш оти беше културно.Ќе се чудат ли ако му кажиме оти одевме на театар, слушавме радио и пцуевме ако не ни ја пуштат песната шо сме ја порачале.

Ќе разберат ли оти по дискотеки некогаш игравме и не ни требаја разноразни ,,опиуми” за да си поминиме убО. Ваљда ќе останат без зборој ко ќе му кажиме оти мажО беше царО во куќата и праеше шо сака, а жената сус дома седеше и слугинка изиграваше. Ќе се паѓат од смеење ко ќе му ги пуштиме Том и Џери или брзата птица итрица. Ќе се смеат на Мајкл ЏекЦон и неговиот ,,денс”. Ќе сватат оти живеевме во паралелна реалност ко сме се санкале ко деца на снего во зима, сме играле куку, фудбал и не Љути се човече во живо, а не на компјутер.

И уште многу ќе се чудат ко ќе му кажиме оти се социјализиравме без телефони и фејсбук и инстаграм и компјитери. Ќе имат друга историја и Гоцката и Дамета ќе бидат туѓи, а Ацо ќе биди познат само како син му на Џоли во филмот. Ќе не нема и ќе се чудат како сме функционирале ко не имало или никогаш нема ни да дознаат оти не имало.

И за крај, ќе се пукнат ваљда од смеење ко ќе слушнат шо преживеавме со ковидО 19ка оти то ваљда мајтап ќе биди или… Шо да речиш ќе згрешиш! Шшшт иди полиција!

GOLD
To Top