Новости

Битолски трачарлуци

Ќе го исчистат ,,ДрагорО”, ама ќе се подигне ли нашата јавна еколошка свест?

Порано привилегија било да живееш на Булевар. Тука живееле аристократи, луѓе чиј престиж било пијаното кое го имале дома. Од тука е и градот на клавирите, градот на пијаната. Испеглани костуми,  кашмир, големи паларии, дами во фустани од свила, џентлмени, манири. Ете таква била сликата за битолчани.

За разлика од нив, денес нема кашмир, нема свила, ама нема ни бонтон. Се испомешаја работите малку и некако се заборај дека скапиот материјал, парфем, брендот и луксузот не се оние што одсликуваат една култура. Не е важно како мириса човек од надвор, важно е она што се случува внатре. Етичност, култура? Еколошка свест? Ќе се подигне ли таа конечно? И ќе се промени ли оваа приказна во редовите подолу што одново и одново се случува:

,,-Шеташ покрај Драгор, палиш цигара и ноншалантно фрлаш одпушок. Си прајш муабет со пријателО до тебе или збораш на андроидо со швалерката (пошо логично цел град на швалерај фрлен е), и собрираш воздух, стегаш грло, стегаш гради, его, мускули, бериш плунка дури не испука рамбовката и… ПЉУКАШ! Во ДрагорО! Нормално.

-Во никој случај не ти текнува и не сфаќаш оти постојат канти, па хартијата од бурекО шо го земаш од пекарата кај сатО, ја фрлаш покрај ограда. То е… Не ти текна или нејќеше да ти текни. Па сите тука ја фрлат шо да прајш и ти… Не ќе се прајш!

-Одиш на гости кај некои тетки, стриковци и стрини шо живеат баш на Булевар, а таму после ручек, задолжително ја гледаш стрината како фрла остатоци од манџата… Каде? во ДрагорО. Како вистинска домачица.

По муабет сфаќаш оти и тие нивните ,,Пра-Роднини” живееле тука и имале пијано, ама овие новите генерации се скарале за куќата, се суделеле, ја делеле… и така пијаното завршило кај тетин Мајк од Сидни, па пошо еден мора да ги јади парите, Мајк се на машини фрлил. А тука, тука ни останва манџта да ја фрлиме. Во Драгоро.

-Од ,,чардакО” друга слика. Тројца ,,дуздисани” мажишта, по ново тиктокери, голи одозгора до полојна, со тетоважи и цигари в уста ги креват мишките, мускулите де. ЕдниО сеј на камен и чачка в мобилка, а другиО со ,,шмркО”, ја плакни колата, (патем Би Ем Даблју, иако живеј в колиба и го слуша Андруш на цел глас… И влечка,, лај*арка” носи по дома) Профило на инстА топ му е! 60 слики од бемвето има… Сите од различна перспектива. Само една му е со пушки пиштоли кај шо држи, знамето во позадина и во преден план тетоважа со икона…Дирекно нА бицепс.

Тројцата мажи шо на фешн ТВ пари би зеле за оваа сцена, ко шо рековме со тетоважи, запотени и цигари в уста, креват на мишки еден стар регал и го фрлат… каде? Па се разбира… Во ДрагорО.

-Крв се леј по течението оти месото на некој касап пак не му чинело, а пуста канта преполна. Каде? Во ДрагорО. Потаму можи ќе најдиш и шпоре и алишта кои морало да се пуштат по вода. Така му има речено бајачО.

Бонтон? Пијано?

Боемите, еснафите, градските некогашни дами и џентлмени шо ја ваделе паларијата, оние што на пајтони се возеле и серенади пееле покрај Драгор… Све то на вентилатор долу е!”

Али еве имаме шанса, ќе се подигне ли нашата свест или остануваме само на зборови?

Евротип
SNBROKER
To Top