Новости

Битолски трачарлуци

Зурли, тапани, циркузи! – Ех колку ни фалеа свадби!

Психијатрите работат турбо, психолозите најпосетувани, болниците топ, страв од нов бран, нова бура, нови карантини! Ма дај пуштете музика! Гаси телевизорот, исклучвај вести! Оро си е оро! И фалеше пустото! Да нагласиме оти не хејтамЕ во редовите шо следат, ами време е малку да си направиме шега на наша сметка!

Брутално, али искрено…Фалеа мишки свадбарски, штикли слечени, разбосени, насмеани, румени…Фалеше да се витка тешкото и бутурус по земја! Фалеше валцерО, да ја заиграме неЕстата, да го крениме знамето, да ја славиме љубовта.

Фалеше моментО на буќетО и коси кубење кој да го фати. Еххх само како фалеше пустото:,,Ај и на главче! Шо чекаш?! УшЕ ти остана!”Фалеше паниката за фустани, кетеринзи, шминкери, лакери, музики…! Фалеа чалами и ,,мање више” сто слики селфи свадбарски.

Фалеше тој наш феик гламур и влегвање во епскиО традиционален филм оти треба да се кренат кредити, да се капарат венчаници, да се фрлат паришта в чевли кај неестата од деверО, фалеа фотките шо класика завршват в фјока, а мораш да ги платиш и мораш да ги имаш! Фалеше да пука играта со бакшиши и виолини и армоники, сајзери, труби…! Фалеше стрес, траштање, барање, земање, молење…Ја давале не ја давале, од корен черешна се корнела, не се корнела, дрш не дај, тапани, зурли, жештини, потојни, пафкала!

Фалеше ордевер, малдевер, ракиче салатиче, главно јадење,тортиче… Фалеше музика, песна, ние фалевме во цел циркус кој порано го хејтавме али после пандемија и не бил толку лош! Да циркус е, ама наш си е!

…И можда не знаеме многу да се носиме во ова лудило и можда не не бива поинаку, ама фалеше…и си фалевме! Мора да си признаеме!

СН Брокер
To Top