Новости

Битолски трачарлуци

8ми Мартовско лудило и госпожите во провод! ГоспО на помош!

Мириса во воздухот. Господ на помош да ни е! Почнува. На збудалени жени, мајки, госпожи пуштени од синџири. Живо и весело. Сите по кафиќи, тренди, расположени, со цвеќА и карамфиљи, со пупиња, нови челиња, (едни сега и едни за Велигден) со патичиња, со штиклиња, со чорапчиња или боси. Разиграни мишки, расипани фризури. Бербата на кафеаните, шминкерите, лакерите, спа центрите и фала Богу кој друг ако не, цвеќарите. Ќарат сите, па дури и мажО кој ја има таа чест само на овој ден салам да олабај од женатаТата. Нема џафкање, нема викање и цркање, барем една ноќ. А после, утредента ќе си ја види на тв како во некоја меана мешала со куковима, го играла куцаното или пак потскокнувала околу младото стриптизерченце насмеана и ведра со карамфиЉо в раце.

8Ми Март. Ден на киселење каде многу од жеништава уствари си прАат лице. Се берат колегиајлно, а уствари очи нејќат да си навидат. Си поклонват цвеќиња, мала пажња и буќети со кои мислат оти ја испраја топката. Ја испрајле и попрајле работата со тоа добивање на лажно инстант чувство на спокој и смиреност.

Е не! Со една подарена ружа или две, не станувате и вие ружи госпојци!

Уште мирисате на лошотилук и злоба. Еден карамфиЉ не е рамен на триста молитви и простени греој. Тој не ја решава злобата, швалерО и животО. Не ја поправа работата бонтонО и културата шо ќе ја напрајте или си мислите оти ја напрајвте и попрајвте на овој ден. На 8ми Март ако се испијаните и се понашате како пуштени од синџири, не значи оти сте јаки, откачени и луди. Ами значи оти не сте изживеани, немате граница и лимит…

…И да, секоја девојка не е жена! Ама како дојде времето, и жените не се појќе жени… Па да не прајме муабет за мажите колку се па мажи и дали има такви… И сепак 8ми Мартовски, да ги поддржиме жените и со ум во глата вечерта. Не мора баш сите ѓаоли да излезат од тоа малите досадни главчиња! Оставете нешто и за в година!

GOLD
To Top