Новости

Битолски трачарлуци

ГрадО чини и љубов има, ама само на сликите од вашиот фотошопиран профил!

Ех кога светот би бил како виртуелниот? Се жалиме оти немаме пари, немаме град, љубов, пријатели, комшии, пасоши…Ама затоа во виртуелниот свет по социјалните мрежи ептен не бива и работите стојат обратно.

Сликани сме со пријатели, низ ,,убавиот ни град” за кој кукаме, на инстаграм ,,посетуваме” театри, кина, се сликаме со споменици, се тагираме по ресторани… А излегуваме со позајмени пари, сметките за струја не ни се платени, штедиме за да ги исплатимее кредитите, не сакаме уметност и не сме толку насмеани како што тоа може да го произведи блицот.

Во живо сме многу културни и фини, смирени, со свое јас, его и добрички. Високо целиме и не се броиме во толпата. Ама затоа на фејсбук, се збудалваме и страшно се нервираме. Во живо сме мирнички, таму сме тепачи со краток фитиЉ. Во живо сме кукавички народ, ама таму сме обединети. Знаеме да напишеме саркастични и злобни коментари. Да се спуштиме со малограѓанско ,,понашање” и да клеветиме и пцуеме. Ех мој народе. Не знаеме дали нашите претци се превртуваат во гробовите за се што продаваме, за се што уништуваме, за силата која ама Ич ја немаме, за злобата која ја прикажуваме.

Од една страна велиме оти немаме пари за да го шетаме светот, а во виртуелниот свет сме ,,авантуристи” и стално пишиме некој статуси:,,Life Is short. Spend money for travelling!” Еднаш ќе одиме негде и петсто слики и селфи ќе направиме. А дали навистина сме го виделе местото кое еден ден сме го посетиле (со ефтина туристичка понуда)? Тоа ќе откриеме по сликите што сме ги направиле.

Таму живееме…Во розовиот виртуелен свет, ама што ако еден ден ги извадиме тие очила?

GOLD
To Top