Новости

Битолски трачарлуци

Ко синкир светО утре во толку и толку сатО ќе се распадни!

Доста е од луѓе шо претерват. Шо сторе бреј, како само нив да му е тешко… Уствари како само тие да живеат. Значи така ти го прат филмО ко синкир свето утре во толку и толку сатО ќе се распадни. Фаќа утре апоклипса, смак света, небото и земјата ќе се спојат, мава циклонО Петре (пример рековме).

Луѓето шо претерват у задње време се најактуелните „фешн модели“. Значи ко шо си има модата свој тренд, така и карактерите си имат свој рок на траење и брзо брзо менвање на истиот за да се прати трендО и да не се премини веќе во застарен модел. Шо сака да кажи писатело? Писатело или авторо сака да кажи дека доста ни е од тие кукачите и досадните луѓе кои со нивниот живот уствари вршат притисок и врз твојот.

Ги среќаваш на улица и ти си онака од нигде никаде приморан да ги слушаш како тие го поминале денот, колку му била сметката за струја, како ги испрала и испеглала пердињата госпожата, колку му било тешко со детето, со мажот му, колку сметки за плаќање имале, државата не чинела, пуздер бил народО…еден арен не останал… Амиии…. немало работа, се со врски било и најјакиО муабет. Пример, то сто степени надвор апла е дека е жешко и колку да го почни мујабетО (оти му се прај муабет и нема кој да го гњави):„Шосторе бе колку е жешко денеес! Ц ц ц шо ќе беше ова горештина, зато после сите болни сме!“ Ако не дај Боже му се фатиш на цаката, ти ојде еден сат од денО, ништо не те расправа. Ти само седи и слушај како нивниот мизерен живот се исфрлува врз твојО и онака лош (да не се лажиме), али ти станва уште полош. Оти то на тие горешчиње се вика енергетски вампиризам сине. Ти ја пие душата, те цица, те мава од колено на цела горештина и како жаба прицната се осеќаш над асвалт кај шо прајш ццццц….

И ти гори .. И под нзое и над нозе и в душа и в тил. И притисок ти паѓа и глата те мава и сакаш сместа пешки Тихи д го преминиш. Али немојш. Од сите места штркО тука те пљукна бате. И ќе слушаш шо ќе прајш. Оти многу е топло времето и стварно не ни чини државата. Оти ти ако не кажеше, ние така „ступидни“ ќе останевме. Ма дај.

Евротип
SNBROKER
To Top