Новости

Битолски трачарлуци

Колку сме заслужиле, толку и добиваме!

Никој ништо немаме, секогаш кукаме, се жалиме. Не ни чини ова, не ни чини она. Дома ни е катастрофа, во системот никако да се вклопиме. Имаме константни жалби и поплаки за нашата финансиска нестабичност, за нашата работа, за нашите колеги. Дефиниран став кој алудира на секогаш негативни критики кон пријателите во општењето. Не ни чинат пријателите, не ни чини социјализацијата. Па дури и непријателоте не ни чинат оти проблемите како да се малку и мали, па тро бараме волуменот да се зголеми.

Едно е јасно. Билијата во глата не ни чини. Едвај чекаме некој да се избламира за да почнеме со пцовки, клевети и да му умри козата на комшијата. Сарказмот и дрскоста ни се најјаката страна. Се силиме на:,,Шо се туркаш бе?!” Во гужвите. На:,,Шо ви треба”, а не:,,Повелете господине!” А никој овде драги мои не заслужува персирање. Никој овде драги мои не заслужува работа. Сите се капацитети, сите се школовани мамини и татини галеници и системот ги ништи човече. Сите се културни, а на социјалните мрежи барем по една запирка да клаеа кај шо треба. Се дерат со извичници, а неписмени се. Се закануваат и едвај чекаат нова глупост, а неуки се.

Имаме сонце, ама не знаеме да го искористиме. Имаме вода, ама не знаеме да се измиеме оти ни најбистрата вода не ни го мие трулото ни во нас. Само џафкаме и џафкаме..и кукаме.. и сеир си пукаме.

GOLD
To Top