Новости

Битолски трачарлуци

На шо дереџе е сообраќајот во Битола?!

Имаме пешачки,ама не се гледа. Ваљда ефтина бојата за варосвање и избледе.

Не се криви луѓето. Нити пешаците чинат, нити шоферите. Пешаците пцујат по шоферите, шоферите по пешаците. Ич не е чуден муабетО од таксист на пример, оти тие најНогу мака имат видено и велат:,,Детее тргни го тој мобилниО ко ке Ојш на сред улица! Од кабадајлук ќе те изгазат!” Или пешак на шоферот:,,Ало не глеаш оти пешачки има!” Мамичките со колички се ,,најсилни” оти претрчват ко нинџи и се пикат кај шо не баш ги бери и апсолутно е неворед ако не му застаниш од сожалување. Па уште штрака штрука со штиклата пред кола пет сати дури не се испрцка.

Али од друга страна и тие морат да влезат во системО и да влегват клизачи кај ќе стигнат или од ,,кај Чкембарите” оти нема од кај да одат!
Никој не е за судење ко ќе видиш. Нити старците шо поминват дијагонално по најдолгиО пат на улица, ко желки лазат и подзастанват.

Не се криви ни таксистите оти каснат ради диспечерката шо ти вели:,,за 15 мин. Нема за побрзо. Сакаш,нејќиш?” Нема такси, сите Кромберт се. И спечалија, па сега количината ги кршат по дупките.

Стрито гној, пешачки нема, негде свети, негде угаснато, дупки колку да сакаш, кал до гуша, шахтите смрдат…Се молиме да не заврни многу, оти ќе поплавиме. Али шибаме.

Не се криви никој. Зад секој стој приказна. Нити полицијата не е крива оти пиши казни. Така му е речено. Небитно на кој. Небитно кога. Си бил не си бил крив, ево ти казна бато. Не се криви семафорите шо не работат, ги искршиле. А и тие шо ги кршеле од мака со камен фрлиле. Не се криви и тие шо паркирале згорапреку, спремни за пајак да ги крени. Нема каде. Нема како. Згради изникнуват неплански, без паркинг и ниски тераси извадени појќе од дозволеното. Колку шо бери колата и колку шо не бери. Газ преку гла и 10 души ако треба ќе се настегат. Ќе се искористи и багажникО оти е многу јако.

Јако е и на Булевар или Партизанска да качиш колата ко несалам и да се понашаш ко на автопат као шо на пристоен сеЉак му прилега. Јако е и не се криви коњите шо чат пат ќе изнуждират негде на сред центар оти на Дулие одамна портите затворени се. Јако е шо секој втор има возачка со врски за да помини на трет пат. Побрзо не можи, мора да се плати и да те паднале.

Јако е… И никој не е крив! Оти шо треба бе сине!? Пази кај одиш! Во Битола си! ГрадО на кабадаите, културните сељачки господа и молим лепо градските бричој! Али све е то Голич!

GOLD
To Top