Новости

Битолски трачарлуци

Приказната за една конзулска Битола што полека си тони…

фото: sdk.mk

Ќе се врати ли некогаш? Ќе се врати ли некогаш оној конзулски град кој со мерак го посакувавме? Ќе се вратат ли боемите и меаните? Ќе се вратат ли беренките и другарите? Ќе се врати ли звукот на виолина од кафаните или жиците на гитарите од паркот кај сатО? Ќе се врати ли Мара? Ќе се врати ли корзото и ,,кремците”? Или металците и скинхедсите? ,,Андерграунд” дечковците. Ќе се врати ли Висаж, Скарлет, фонтаната, кабарето?

Или ќе се врати ли Spy и се ко се знаеше кој кај оди. Ко не се мешаја стари рЧпали и млади и мали и деца. Ќе се вратат ли Игучи, Инстинкт, Папас… и ред други? Ќе се вратат ли битолските вистински пуфли како со штикла двајска дефилираат на улицата ,,Биди виден”… ќе се вратат ли кабадаите шо земаја воздух од кај сатО и го пуштаја удолу кај Бомбата се дури не му се отпетлат две три петличиНа од шо се стегале во градите и мускулите? Ќе се врати ли трачот? Фалат нашите битолски трачарлуци…

 

Ќе се врати ли Битолскиот театар…преполните сали, комедиите и претставите шо можи малку не се толку ,,Арт” човече?! Ќе се врати ли оној вистинскиот културен битолски живот надалеку прочуен? Ќе се врати ли шмекот на одењето на кино и барањето на симпатијата во преполна сала?

Ќе се врати ли шопинг манијата која колку толку можевме сите да си ја дозволиме? Ќе се врати ли музиката, вистинските таленти и битолското културно лето? Ќе се врати ли шмекот на старата чаршија… на дуќанџиите?

 

 

Ќе се врати ли пазарот и моментО ко ,,пет за стотка” за чорапи не му беше многу на народО. Ќе се вратат ли денојте ко гости се пречекваја со преполни маси, а сега кафе и евентуално сокче му даваш за да не му напрајш терет за и ти да одиш кај него па да не се троши.

Ќе се врати ли исчезнатиот ,,бренд”, култот кон Саботното кафе преполно со луѓе и циркузО на борбата да фатиш маса па да О виткаш лајчето в уста едно два три сати не помрднувајќи се од столО? Ќе се вратат ли кафичите, ноќните клубови, такси компаниите? Ќе се врати ли надежта и ентузијазмот оти ќе ја биди работата? И за крај ќе се вратат ли луѓето во родниот град? Ќе се врати ли Битола бабам Битола и бељот тромбељот адут … или работата е само… Чаљо!

 

 

П.С. Израснавме со ентузијазам, надеж..сонувавме. Ни го направивте филмО оти треба да сме амбициозни, вредни. Оти треба да учиме и да бидеме културни. Ни дадовте соништа кои ни ги претворивте во кошмари. Ни зачнавте мисли и идеи кои од гла ни ги треснавте и префрливте. Ни ги подаривте другарите и ни ги зедовте. Вие ни зборувавте за култура, а култура немате! Не убивте и уште ви е малку! Епа грабнете ни ја душата, срцето парче по парче од низ Корзо и од стара чаршија и од Партизанска, БулеварО…земете ни ги спомените.. изџвакајте ги избришете ги… И изградете нешто ново.. Нешто квази интелегентно, нешто апстрахирано од уметност, дружба, конзулски град и боемска душа! Убијте не до крај, градејќи нешто ново.. Продадете не.. украдете не… Само спречете го ова измачување да го гледаме бродот кој тони…оти од бавна и тивка смрт, полоша и нема! Докусурете не и избркајте не од еден до последен! Ќе нема ни последен за да ја угасни струјата и вода да пушти! И.. во нашите куфери ќе скриеме немири, па без да плачеме…ќе си заминеме!

 

Елена Наумовски

GOLD
To Top