Новости

Битолски трачарлуци

Welcome to: НОВОТО НЕНОРМАЛНО ВО БИТОЛА! – некогашен град на конзулите!

Новото нормално? Има демек ново нормално? Не, ова е Новото ненормално!!!

Сексуално образование и обиди сето тО да се разбери како нормално. Ништо против, ама… Шо е многу, многу е! А оти има нормално? Пред ова демек чиневме? Абе какви ( )аксајнс какви шприцој. Дај да се подрогираме тро со „нормална“ дрога, можи така умО ќе ни дојди. Жалби, тужби, јавни соби, бакрачи…мањаци, хоштаплери, политичари, непотизам, деспотизам, корумпирани, хејтери… Кае тука нормалното? Демек имаше пред ова?

Ете шо имаше веќе двајстина години, а можи и појќе: Сите другари си испозаминаја во странство. Сите роднини, сите убај чоечиња. Култура нема појќе во градО и градО не е појќе тО шо беше и то не е од сега, да се разбериме. Нема театри, нема претстави шо можат да ги разберат сите. Сите се арт човечеее! (Лично, ги сакам, ама каде е другата публика? Е дека е де?). Немаше, сега во новото ќе видиме.

Нема Широк Сокак и нема цаурење. Има социјални мрежи. Имаше и уште појќе ќе има. Нема кафеани, нема боеми. Има само пијаници. Ја нема чаршијата, нема дуќани. Нема кафичи и дискотеки. Нема ни на бело, а ни на црно. Нема пикадо, билјард, пивници, душа нема градО. Нема ни потаму од градО. Исто беше во старото нормално, па и тО беше ненормално.

Одамна ни летнаја пилињата, само како не се сетиме, не е јасно.

Нема чакати, нема публика, нема таргет за бизнис. Нема работа, има многу картички за невработени во „трудО“. Нема работа, нема место за в градинки (оти треба уште нероден Петко да го запишиш в градинка и да си чекаш едно 5, 6 години се дури не го пуштиш прваче и нема да ти треба тА градинка). Нема другари, нема мода, нема Италија во конзулска Битола. Нема маси до среде Kорзо.

Има луѓе, или нема? Кае душата на градО? КаЕ вкусО? КаЕ конзулското? Кај се писателите? Кај се натпреварите, кај се училиштата, музиката, свирките? Се е исто другарчиња. Само шо тогаш не носевме маски ко ќе влегваме на банка, а бај д веј, види богати кој би рекол дека ќе влегваме таму со маска. И шо демек, ко ќе ги извајме, нормални ќе бидиме? И тогаш имаше дупки, на асвалтО, има и сега. И тогаш ги крпеЈа, ги крпат и сега. Ама не се дозакрпва работата. Еднаш скинато, цел живот скинато. Кога ја искинавме ние оваа страница на Битола? Кога ја искинавме Битола?

 

Нема жар за кабадајлук. Нема ништо и не моЈме да излезиме од то ништо.

Али видете вака. Ај убо да подумаме и да се прашаме до кој е! За шо ви се тие групите кај шо се кажват проблемите. Кој ги решава? Никој. За шо ви се мајтапчињата на сите гафој од политичката и естрадната сцена? Останаваме на мајтапчиња, останаваме на никакво право за слобода. Зошто? Оти сами си прајме. Ќутиме. А зошто ќутиме? Оти изгледа зависимие!

Се продаваме за ич пари. Нашето јас си го продаваме. Само се ќути и да врти вентилаторО. Оти некОаш поинаку било? Само шо сеА муабетО е многу филтриран и експониран по овие социјалните мрежи. Од стално било исто и нема старо или ново нормално. Има само ново „не нор мал но“, шо му парира на то старото ненормално. Останва само да си докукаме, да се доиспцуеме и да испоцркаме од завист, од омраза. Да го доуништиме и тО малку шо ни остана. Кои сме ние? Каде сме? Каде е Битола?

GOLD
To Top