Новости

Битолски трачарлуци

Живееме во хотел, а не дома!

Здравство катастрофа, невработеност, администрација хаос, морталитет зголемен, криминал организиран. Хотел во кој ни изгледот од надвор повеќе не може да не излажи. Немаме фасада, а камоли ентериер. На секој чекор oгромни натписи:,,Не фрлај ѓубре!” Како да тоа треба да се напиши и нагласи. Култура ужас. Дупки на патиштата, а веќе ако се запни да се подзакрпат, се разбира оти тоа мора да е во сезона. Ко ќе има врвулица од гастрбајтери им се чини оти џган ,,пипл” има. А нема.

Се повеќе неукост, необразовани чоечиња и надменост и суета без резервен план и позадинска сколија. Се појќе ,,донче и гордани, Кавали” наспроти греој!

Ужасен хотел со мирис на мувла…на старо..недоквакано..на револти.. Циркузи..изгубени и поробени соништа, безгласни букви и немање на свое јас.

А и нешто како да се откажале гостиве тука и сакаат да се одјават. Во хотелов. Оти сепак да се разбериме, дома е онде каде стално живееш, а на другите места одиш само на одмор и ги посетуваш. Дома не е она место од кое ти иди шо побрзо да избегаш и да ги зачадиш патиките, па ако треба пешки да прелеташ и океани. Дома не е кај шо немаш свое, немаш гордост и со крената глава раскажваш за она шо било… Не е дома кај шо цела историја ти ја избуричкале и шах во умО те напраиле, па не знаеш кој си, а камоли да разбереш кај си. Не е дома кај шо те сметаат за една ситна марионета, глупава капка во морето и те користат до максимум. Не е тоа дома. Тоа е хотел. Хотел промаја која патем ние ја измисливме. Нема превод за терминот, ама ние си знајме. Оти ни дува од сите страни во нашиот хотел кој за брзо сите ќе го напуштиме. Освен ако не станиме дел од организираните поединци, а не т.н. багра од хаосот!

GOLD
To Top