Новости

Шоубиз

Јахтата на рокерот Џон Бон Џови се закотви пред Дубровник

Светската рок ѕвезда вчера ја закотви својата луксузна јахта во близина на Дубровник.

Џон Бон Џови со семејството доплови до Дубровник , каде ќе помине дел од летниот одмор. Не се познати деталите колку дена ќе остане , но папараците се подготвени да го дочекаат кога ќе се шета по Страдун.

На светски познатиот рокер ова му е втор пат да дојде во Дубровник по 2011 кога го посети по завршувањето на концертот во Загреб.

Неговата јахта Rarity  цел ден беше во центарот на вниманието , но според снимките од далеку , пејачот и неговото семејство уживаа во пливањето во Јадранското Море и не дојдоа на брегот.

GOLD
To Top