Новости

Шоубиз

Ќерката на Лени Кравиц е новата жена-мачка во „Бетмен“

Ако за претстојниот американски празник Ноќ на вештерките Зои Кравиц (30) се маскира во мачка, не мора ни да го соблече костимот. Зои ќе заигра рамо до рамо со Роберт Патисон во најновиот филм на франшизата „Бетмен“, и тоа како сексапилната „жена-мачка“. Пред неа оваа хероина ја толкуваа Мишел Фајфер, Хали Бери, Ен Хатавеј…

Зои Кравиц, чија серија „Големи мали лаги“ штотуку ја заврши својата втора сезона, ќе ја глуми Селина Кајл и нејзиното алтер его.

Ќерката на Лени Кравиц и Лиса Бонет наводно морала да помине многу ригорозни тестирања за да ја добие улогата за која, покрај неа, се натпреварувале и Ана де Армас, Ела Балинска и Елза Гонзалес.

Како што се шпекулира, овој дел на „Бетмен“ франшизата повеќе ќе се фокусира на Брус Вејн како на човек и детектив, отколку како на суперхерој.

Филмот ќе го режира Мет Ривс, кој го режираше „Планетата на мајмуните“.

GOLD
To Top