Новости

Шоубиз

Џенифер Лопез критикувана за нејзините вишок килограми, но еве како таа им одговори

Прекрасната  латино американска ѕвезда никогаш не ги криела своите облини и секогаш гордо ги покажувала и истакнувала, а во интервју за списанието „InStyle“, таа признава дека некои од нејзините соработници не го одобрувале тоа.
„Моите облини никогаш не ми пречеа, но добив многу критики од луѓето од забавната индустрија и шоу бизнисот. Тие рекоа: „Треба да изгубите неколку килограми”. На тие критики и замерки, јас едноставно им одговорив:„Ова сум јас и ова е обликот на моето тело“. Сите жени со кои јас пораснав изгледаа баш вака, а за мене сите тие беа убави“.

Лопез охрабри мнгу девојки со нејзиниот став. Таа им го поткрена нивното его и со ова ги натера да разберат дека секој треба да се чувствува убаво во сопствената кожа.

– Мојата генерација беше многу фокусирана на модели кои носат максимум број 36. – додава Џенифер. – Тоа  за повеќето “нормални” луѓе беше недостижна големина, вклучувајќи ме и мене. За сета оваа збрка, критики и стерсот околу вишокот килограми, мајка ми и баба ми велеа: “Ова е тоа како ние изгледаме и тоа е она што е убаво”.

Студирајте на БАС
To Top