Новости

Шоубиз

Актерката Џејми Ли Кертис доби мед од Атиџе

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм профил објави дека доби изненадување од Атиџе.

„Изненадување. Подарок што трае. Директно од изворот. Мед од тимот на ’Медена земја‘. Атиџе ми остави една тегла. Ветувам ’пола за мене, пола за нив‘. Во овој случај, кој е „нив“ за мене?

Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го изгледале ‘Медена земја’, инсистирам да го направите тоа“.

GOLD
To Top