Новости

Шоубиз

Аријана Гранде се враќа во Манчестер – со хуманитарен концерт

Американската пејачка Ариана Гранде најави дека ќе одржи во Манчестер хуманитарен концерт посветен на жртвите на самоубиствениот бомбашки напад.

При нападот кој се случи надвор од салата по нејзин концерт во Манчестер, загинаа 22 лица, повеќето деца и млади луѓе, а бројот на повредените е над 100. По нападот на „Исламска држава“ Гранде одлучи да ја прекине својата турнеја.

Во писмо до своите фанови, објавено и во Twitter, пејачката ветува дека ќе се врати во Манчестер за да oдржи „хуманитарен концерт за собирање на средства за жртвите и нивните семејства“, пишува Reuters.

Гранде изразува и длабоко сочувство на тага за оние кои загинале и за семејствата кои тагуваат за блиските.

„Не сакам да го поминам остатокот од годината без да можам да видам и да поддржувам фанови по начинот на кој тие ме поддржуваат мене“, додаде таа.

Пејачката не прецизира кога точно ќе одржи концерт, но вети дека ќе обезбеди детали во најскоро време.

„Нема да се откажеме, нема да работиме во страв. Нема да дозволиме тоа да не раздели. Нема да дозволиме омразата да победи“, дополнува Гранде.

Евротип
SNBROKER
To Top