Новости

Шоубиз

Бил Козби и Роман Полански исфрлени од Академијата за филмска уметност и наука

Режисерот Роман Полански и комичарот Бил Козби се исклучени од Академијата за филмска уметност и наука, која ја доделува наградата „Оскар“.

Минатиот месец, Козби, актер, режисер, продуцент, сценарист и музичар, беше прогласен за виновен за сексуално вознемирување .

Полански ја призна својата вина за наводите за секс со малолетници. Во 1977 година, тој имал врска со едно 13-годишно девојче.

Минатата година продуцентот Харви Винштајн, исто така, беше протеран од академијата по серија обвиненија за сексуално вознемирување и силување.

Во официјалното соопштение се наведува дека тие се исклучени „во согласност со правилата за организациско однесување“.

„Советот продолжува да поттикнува етички стандарди кои бараат од членовите да ги поддржат вредностите на Академијата, изразувајќи се во почитување на човековото достоинство“, се вели во соопштението на Академијата.

Роман Полански е добитник на „Оскар“ во 2003 година за најдобра режија за „Пијанистот“.

Досега во 91-годишна историја на Академијата, официјално само четири лица се исклучени.

 

GOLD
To Top