Новости

Шоубиз

Бил пронајден во својот дом: Почина вокалистот на групата Продиџи на 49-годишна возраст

Кит Флинт, фронтменот на бендот Продиџи, починал на 49 години во својот дом во Есекс, Англија.

Полицијата била повикана рано наутро, а Флинт бил најден во својот дом. Неговата смрт не настанала под сомнителни околности, како што пренесуваат медиумите.

Лијам Хаулет од Продиџи објавил на Инстаграм дека Флинт се самоубил викендов.

Овој музичар стана познат во 90-тите години од минатиот век, благодарение на својата енергија и стил и важи за една од најпрепознатливите личности во светот на музиката.

GOLD
To Top