Новости

Шоубиз

(ВИДЕО) Битолчанецот Христијан ги развесели патниците на аеродромот во Доха свирејќи на пијано

30-годишниот Христијан Спировски, кој е со потекло од Битола, но живее во Мелбурн, Австралија е познат по тоа што често ги развеселува патниците по светските аеродроми свирејќи на пијано. Овој пијанист не ја испушти приликата тоа да го направи и при посетата на аеродромот во Доха каде одржа мини концерт од 40 минути пред да се качи на авион.  Репертоарот му беше разновиден, тој свири музика од Балканот, но и странски мелодии.

За Шеталиште Христијан вели дека тоа што свири пијано по аеродроми и шопинг центри е возбудливо и забавно и ќе продолжи со тоа и во иднина.

GOLD
To Top