Новости

Шоубиз

ВИДЕО: Мараја Кери отвори шише со својот глас

Интернет-предизвикот #Bottlecapchallenge привлекува сѐ поголемо внимание, поради учеството на сѐ повеќе славни личности во него. Се работи за отворање шише на свој, оригинален и посебен начин.

По успешните обиди на Џејсон Стејтам, Џон Мајер, Ендрју Јанг и Ели Гулдинг и поп-ѕвездата Мараја Кери ја истакна својата оригиналност.

Имено, како што покажува видеото на Твитер, таа направи капачето „да летне“ со помош на својот глас. На некои им се допадна оваа идеја, а други сметаа дека е обична местенка.

 

View this post on Instagram

 

Challenge accepted! #bottlecapchallenge

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) on

GOLD
To Top