Новости

Шоубиз

ВИДЕО: Меган Маркл препозна обожавателка од Инстаграм, нејзината реакција ги воодушеви сите

Меган Маркл и принцот Хари, последниве денови ги поминаа во Нов Зеланд, во склоп на својата прва кралска турнеја. Каде и да се појавеле, војводата и војвотката од Сасекс предизвикувале воодушевување, а вчера во Окленд се случило нешто навистина невообичаено за кралското семејство.

Меган Маркл во толпата луѓе ја препозала Хана Сергел, својата обожавателка од Инстаграм. Хана ја следела Меган многу порано пред да стане волку позната, а Меган наводно ѝ помагала да се избори со некои психички проблеми.

Хана покрај толпата луѓе, држела натпис „Хана е, од Инстаграм“, а Меган го забележала тоа и тргнала кон неа.

„Дојди“ ѝ рекла и силно ја прегрнала и со тоа го изненадила обезбедувањето, а и сите присутни. Хана ѝ дала писмо на Меган, кое таа го прифатила, па се претпоставува дека ќе останат во контакт, судејќи по тоа дека не се слушнале откако Меган го деактивирала својот Инстаграм профил.

GOLD
To Top