Новости

Шоубиз

ВИДЕО: Пијана вечер на “CNN” – Новинарите пиеле текила, па после неколку чашки започна шоуто

Новинарот на американски “CNN”, Андерсон Купер заедно со останатите новинари пиеше текила за време на преносот на дочекот на Новата година на њујоршки „Тајм Сквер“.

Тој веднаш на почетокот нагласи дека не е навикнат на алкохол и дека веројатно ќе му биде тешко да остане присебен.

„Мислам дека ми изгореа белите дробови“, коментираше после првата чашка, на што неговиот колега Енди Коен му порача: „Тоа е само почеток“.

Откако се напија по неколку чашки текила, новинарот започна драматично да говори и да прави гримаси, а во еден момент се пошегува и рече дека се плаши дека Коен ќе го зграпчи и бакне.

Ова не е прв пат новинарите на американската телевизиска куќа “CNN” да прават „чудни“ работи за време на пренос во живо. Меѓу најпознатите случаи е новинарот кој го дупна увото, а некои новинари се соблекуваа, а некои дури и пушеа марихуана.

GOLD
To Top