Новости

Шоубиз

(Видео) Бејхан, ѕидарот од Битола е победник во „Никад није касно“

Битолчанецот Бејхан Рамов победи во чевртата сезона на емисијата „Никад није касно“ и беше прогласен за победник според СМС гласовите.

При доделувањето на признанието, Бејхан мораше да и вети на Лепа Брена дека ќе се откаже од ѕидарството и молерството и ќе се посвети само на музиката.

Бејхан има 45 години. Со музика започнал да се занимава од 9-годишна возраст и почнал да пее турски хитови бидејќи неговата мајка е од Турција, па така ја засакал турската музика. Од 13 години започнува да го работи ѕидарскиот занает.

Се оженил на 16 години и денес има три деца и еден внук.

По професија е ѕидар и кога договара работа секогаш бара дозвола додека работи да може да пее.

За победник пак според гласовите на Фејсбук и според стручното жири беше прогласена струмичанката Ленче Кукуќ.

 

 

GOLD
To Top