Новости

Шоубиз

(Видео) Британската рок легенда Стинг со одличен концерт во Скопје

Синоќа на стадионот „Тоше Проески“ се одржа концертот на една од најголемите музички ѕвезди во светот, Стинг, во организација на Авалон продукција. Ракометната еуфорија се пренесе од плоштад на стадион, а расположената публика ги пееше неговите најголеми хитови.

Легендарниот пејач Стинг, кој вчеравечер непосредно по победата имаше концерт во Скопје, прифати да направи нешто што никој не го направил претходно, го одложи својот настап за половина час, со цел сите фанови да можат да го изгледаат натпреварот па да дојдат на концерт. Стинг беше дел од ракометната магија, а по крајот на финалето, „Авалон продукција“, која го донесе кај нас, му подари сопствен дрес од РК Вардар со неговото име и бројот 51.

GOLD
To Top