Новости

Шоубиз

(Видео) Режисерот Глен Вајс ја запроси девојка му на сцената, откако ја доби Еми награда

Режисерот Глен Вајс (57) ги воодушеви сите кога за време на доделувањето на Еми наградата која ја доби за специјални ефекти, ја запроси својата девојка Џен Свендсен со прстенот на неговата мајка, која починала само пред две недели.

За прв пат во историјата на Еми наградите се случува запросување на сцената.

– Ти си моето сонце, Џен, и мама беше права кога велеше да не те пуштам. Знаеш зошто не сакам да те нарекувам „моја девојка“… Сакам да те нарекувам сопруга, рече Вајс во говорот по примањето на наградата. Потоа следеше громогласен аплауз од публиката и секако, покажување на прстенот.

Откако се качи на сцената, Џен кажа „да“.

Погледнете го целото видео:

GOLD
SN Finansii
To Top