Новости

Шоубиз

Вилијам и Кејт ги надминаа Хари и Меган на Инстаграм

Вилијам и Кејт ги надминаа Меган и Хари по број на следбеници во Инстаграм. Додека Војводата и војвотката на Сасекс веќе имаат речиси 8,3 милиони. Обожавателите на војводата и војвотката од Кембриџ се малку повеќе – 8,9 милиони.

Помладиот внук на Елизабета Втора и неговата сопруга направија свој профил во кој ќе објавуваат сè што е поврзано со нив. Создаден во април, тој го собори светскиот рекорд за најбрзо регрутирање на 1 милион следбеници.

Меган и Хари ги зголемија своите фанови во Instagram со раѓањето на нивниот син Арчи. Публикациите со неговите фотографии двојно ги зголемија следбениците. Бидејќи новиот член на кралското семејство веќе се појави, започнува лесен одлив од профилот, што е сосема нормално, сметаат експертите за дигитален маркетинг.

Младите родители имаат само 27 постови, а последниот е на годишнината од нивната венчавка . Од друга страна, асистентите на Вилијам и Кејт неодамна објавија повеќе содржини, што исто така може да се должи на “расправијата“ меѓу двете двојки. 

https://www.instagram.com/p/BxNVKQul6fD/?igshid=4paxrw2lovp7

Триесет минути по активирањето, профилот на Меган и Хари собра 150 000 следбеници, а на другиот ден веќе имаше над 2 милиони. Иако луѓето кои го следат профилот на Вилијам и Кејт се повеќе, сликите не им се толку допаѓани во споредба со оние на другиот пар.

Неодамна Војводата и војвотката на Кембриџ објавија неколку фотографии заедно со децата кои трогнаа илјадници луѓе. Тие се направени во градината дизајнирана од самата Кејт.  

https://www.instagram.com/p/BxnnmyEFfkP/?igshid=1xs3vjtwzq4y8

 

GOLD
To Top