Новости

Шоубиз

Гага со силна порака на доделувањето на Греми наградите

Американската поп ѕвезда Лејди Гага одржала многу емотивен говор на доделувањето на Греми наградите, во кој отворено зборувала за потребата да се подигне свеста за менталното здравје.

„Тоа е многу важно. Многу уметници се борат со тоа и мора да водиме грижа за другите. Затоа, ако забележите дека некој е ранлив, не ја вртете главата. Ако страдате и вие, дури и ако е тешко, обидете се да соберете храброст длабоко во дебе и да му кажете некому“, рекла Лејди Гага.

Гага освои Греми во категоријата за најдобра поп изведба и најдобар дует, „Shallow“, кој го изведува со Бредли Купер. Станува збор за насловната песна за филмот „A Star Is Born“.

Како што рече Гага, во филмот преовладува темата за менталното здравје и таа е многу горда што е дел од приказната.

Поп пејачката рече и дека жали за тоа што нејзиниот партнер од филмот, Бредли Купер, не присуствува на церемонијата. Купер бил на доделувањето на БАФТА наградите во Лондон, каде му е врачена награда за најдобра оригинална музика за филмот „A Star Is Born“.

„Знам дека би сакал да си тука. Бредли, оваа песна сакам да ја пеам со тебе“, рекла Гага.

Фановите на Твитер ја пофалија пејачката поради тоа што отворено зборуваше за менталното здравје.

„Лејди Гага во говорот на доделувањето на Греми наградите, зборуваше за менталното здравје, потребата да се грижиме едни за други и тоа е уште еден подарок кој ни го даде филмот ‘A Star Is Born’“, гласи еден од твитовите.

Друг напишал: „Моќни зборови за менталното здравје вчеравечер од Лејди Гага“. Меѓу твитовите, имало и такви кои напишале дека поп ѕвездата е „неверојатна“.

Ова не е првпат Лејди Гага да зборува за менталното здравје. На доделувањето на наградите „Patron of the Artists“ во ноември минатата година, рече дека кога зборува за менталното здравје, особено за своето, често наидува на тишина, пренесува „Independent“.

„Можеби лицата на мрачните фанови ме чекаат напред, во сенка, за да ми ги шепнат своите најмрачни тајни. Мора да внесеме светлина во менталното здравје“, рекла тогаш.

GOLD
To Top