Новости

Шоубиз

Глумецот го објави приватниот број на Твитер: “Ми недостига комуникација со реалниот свет”

Глумецот Ештон Качер ги изненади 18 милиони фанови на Твитер откако го објави својот број на телефон со порака дека сака да разговара со луѓе и да оствари вистински и нормални односи, пренесува Fox News.

“Ми недостига вистинска конекција со реални луѓе. Отсега можете да ми пишувате. Можеби нема да стигнам да им одговорам на сите, но барем можеме да бидеме искрени едни кон други, а јас можам од прва рака да ви кажам некои работи од моето секојдневие”.

“Да, овој е мојот број”, напиша глумецот додавајќи го во твитот својот приватен број.

Тој после неколку часа го избриша твитот поради големиот одзив на јавноста, а некои фанови имале среќа да добијат одговор од Ештон, додека останатите добиле автоматска порака:

“Хеј, Тука е Ештон. Ова е автоматска порака која означува дека ја добив твојата порака. Кликни на линкот и додај ме за да можам да ти одговорам”.

GOLD
To Top