Новости

Шоубиз

Гордон Ремзи стана татко по петти пат

Најславниот британски готвач, 52-годишниот Гордон Ремзи и неговата 44-годишна сопруга Тана станаа родители по петти пат.

Среќната вест ја споделија на социјалните мрежи. Тие добија уште еден син на кој му го дадоа името Оскар.

„По три Бафта награди и една Еми, конечно освоивме и Оскар. Ве молам да му посакаме добредојде на Оскар Џејмс Ремзи, кој се роди денеска во 12:58 часот, за време на ручек“, напиша готвачот во описот на фотографијата објавена на Instagram, позирајќи со сопругата и новороденчето.

Парот веста за бременоста ја чуваше во тајност, бидејќи Тана пред две и пол година го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста.

 

GOLD
To Top