Даниел Кајмакоски ја потврди веста за разводот со Кристина

Деновиве како гром од ведро небо одекна веста за разводот на Даниел Кајмакоски и неговата 13 години помлада сопруга, поранешната манекенка Кристина Димитријевска.
Пејачот реши за Бекстејџ да ја потврди разделбата притоа објаснувајки ги причините за ваквата одлука.
-Деновиве не реагирав на објавените новости за мене само поради една причина, Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за се’ има вистинско време. Јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зашто знаеме дека е тоа најдоброто за нас. Најважно ни е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители.Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината.Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак за никој од нас не е лесен овој период, откри пејачот.
Инаку, Кајмакоски и Кристина беа во брак околу две години, а пејачот во моментов, покрај обврските околу синот, е фокусиран и на кариерата, па така наскоро јавноста ширум регионов ке има можност да чуе неколку негови нови теми, а истите премиерно ке бидат прикажани во Бекстејџ.
Извор: Убавина и здравје
