Новости

Шоубиз

Доделувањето на „оскарите“ и оваа година без водител

Втора година по ред, доделувањето на престижните награди „Оскар“ ќе се одржи без водител или водителка. Ова за медиумите го потврди Кери Бурк, претседателка на компанијата „Еј-би-си ентертејмент“ .

„Еј-би-си“ повторно ќе ја емитува церемонијата, во согласност со долгогодишниот договор што го има со Академијата за филмска уметност и наука.

„Ќе ви потврдам сега, заедно со Академијата, дека годинава нема да имаме домаќин во традиционална смисла“, рече Бурк, потенцирајќи дека ќе го повтори сето она што се покажа како успешно минатата година.

Таа додаде дека главната цел е да се скрати церемонијата на три часа.

Минатата година, доделувањето на наградите на Филмската академија помина без домаќин во последната минута. Церемонијата требаше да ја води Кевин Харт, но овој актер и комичар се повлече откако јавноста ги осуди неговите контроверзни твитови во кои тој изрази анти-геј чувства и користеше хомофобична терминологија, се вели во образложението. Академијата одлучи да не му најде замена и церемонијата за доделување на наградите помина без домаќин.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top