Новости

Шоубиз

Доста со политика, доста со Груевски и Заев – порача битолскиот рапер Шабац

„G.I.Z е кратенка од „ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ“, порака што сакам да ја пренесам преку песната е доста со политика, доста со Груевски и Заев, само тоа не интересира, политиката ни стана дел од секојдневието, па затоа сакам да ставам точка на се’ и да започнеме да се занимаваме повеќе со музика, спорт да ја оставиме политиката на тие што се платени за тоа“, истакнува Дарко Јоцковиќ – Шабац
Песната е снимена во „Гимел Студио“ – Битола, моите долгогодишни соработници, додека текстот и музиката се мои, дополнува Јоцковиќ.
„Спотот го снимавме еден ден снимен е на еден паркинг во Битола и кај тунелот на обиколницата над Битола, го снимаше и измонтира Дејан Трајчевски. Снимањето помина во доста пријатна атмосфера и премногу сум задоволен од самиот проект, песната е веќе на јутјуб и засега имаме доста позитивни коментари“, истакна Јоцковиќ.
На 04.01.2019 се случи промоцијата на видеото во CENTAR LOUNGEBAR во Битола, а главен спонзор на видеото е фабриката „Kromberg & Schubert“ од Битола.

GOLD
To Top