Новости

Шоубиз

Драма за познатата пејачка: Изненадно го изгуби видот

Поранешната претставничка и член на групата „Spice Girls“, пејачката Мел Би итно е префрлена во болница, откако изненадно го изгубила видот.

Британските медиуми пренесуваат дека сето ова се случило додека таа била во својот дом, поради што нејзините домашни повикале брза помош.

Пејачката, како што наведуваат, повторувала дека ништо не гледа.

Мел Би пред 20 години, ласерски се обиде да ја отстрани диоптријата, но по компликациите од операцијата таа трајно го изгуби видот на левото око. Сега таа е исплашена дека потпоплно ќе го изгуби видот и ќе остане слепа.

Моментално се наоѓа на испитувања во болницата, а лекарите се уште ја утврдуваат дијагнозата, дали навистина е изгубен видот или целата нејзина здравствена состојба е предизвикана од зголемување на нивото на шеќер во крвта.

GOLD
To Top