Новости

Шоубиз

Елизабета Втора нема да дозволи на Меган Маркл да го одгледува своето дете како веган

Војвотката на Сасекс, Меган Маркл, која го очекува своето прво дете, добила предупредување дека кралицата Елизабета Втора нема да и дозволи да го одгледува детето како веген, пишува „Дејли експрес“.

Првото дете на Меган и принцот Хари се очекува да се појави подоцна овој месец, а многумина очекуваат тоа да се роди на истиот датум како Нејзиното Височество – 21-ви април.

Според „Woman’s Day“, 37-годишната жена на принцот Хари изрази желба да го одгледува своето дете како веган. Според неименуван извор од околината на палатата, оваа идеја ја налутило кралицата Елизабета Втора.

„Нејзиното Височество нема да дозволи такво нешто“, вели изворот.

Идејата било повод за напната дискусија меѓу Војвотката на Сасекс Меган и принцот Хари, кој не сака да ја вознемирува својата баба.

„Принцот Хари се надева дека Меган ќе се смири по раѓањето на бебето. Тој ја припишува својата идеја на нејзините поинтензивни емоции за време на бременоста. Меган изгледа склона да не ги почитува кралските традиции и да ги преминува границите – нешто на кое не се гледа со добро око, особено од кралицата. Нејзиното Височество едноставно нема да толерира новото кралско бебе да се одгледува како веган“, додаде изворот, цитиран од медиумите на Островот.

Во март, војвотката од Сасекс, Меган уште еднаш ги разбранила духовите откако беше објавено дека по раѓањето бебето нема да користи услуги на бебиситерки, туку ќе се потпре на помошта на нејзината мајка.

GOLD
To Top