Новости

Шоубиз

Емотивниот говор на Јелена Ѓоковиќ откако Новак доби награда за најдобар спортист на планетата

Новак Ѓоковиќ ја доби ласкавата награда Laureus на свечено доделување во Монако, за сите свои достигнувања во текот на 2018-та година.

Секако, на црвениот тепих се појави заедно со Јелена, во црн смокинг, додека таа носеше едноставен сребрен фустан.

Спортската академија Laureus ова признание го доделува секоја година, а Ѓоковиќ веќе трипати досега беше прогласен за најдобар – во 2012, 2015 и 2016-та година. Ова е негова четврта награда.

Јелена Ѓоковиќ во видеото посветено на тенискиот ас одржа краток, но емотивен говор кој гласеше:

„Рече: Доста е, завршив, веќе не се забавувам на теренот,“ се потсети Јелена на лошиот период на Новак.

Меѓутоа, освојувањето на Вимблдон минатата година му го променило мислењето. Тоа била пресвртната точка од каде повторно започна растот на српскиот тенисер.

„По тоа финале си помислив: Се врати!

Тоа е патување на вербата, мора да веруваш во себе, своето тело и размислувањата.

Никогаш не го правел ова за слава и пари, туку за други вредности. Токму поради тоа сум заљубена во него. Тоа е тој,“ поентираше на крајот Јелена.

Целосното видео е во продолжение: 

GOLD
To Top