Новости

Шоубиз

Жената е универзум – „Со љубов Стефанија“

Во денешната емисија акцентот ќе го ставиме на жената, сметајќи дека доколку жената е духовно разбудена, емоционално исполнета, физички подготвена и професинално реализирана, ќе зрачи со мир и хармонија насекаде. Тоа е заразно, па се пренесува во воспитувањето на децата, на најблиските, пријателите па дури и на соработниците. Веќе од 18ти век жената успеа да крене глас со повик за свои права и тоа е успешно во некои европски земји, но тоа не важи во арапските земји. Сепак наше е да размислуваме што се случува кај нас и сите знаеме дека сеуште важи традициналниот однос кон жената, но малку ни фали тој либерализам кој секако треба да биде воден од вистинските вредности на живеењето.

***

Жената е цвет. Жената е мајка. Жената е љубов. Жената е борец. Жената е почеток и крај на секое случување. Жената е муза. Жената е инспирација. Жената е вредност. Жената е почит. Жената e знаење. Жената е мултиталентирана. Жената е домакинка, сопруга, другарка, сестра,баба.Жената е своја, доколку го прави тоа што ја исполнува. Жената е насмевка. Жената е дама. Жената е спортист, музичар, танчер, уметник, биолог, хемичар, физичар, астролог, дизајнер, фризер, моторџија, алпинист, архитект, историчар, политичар, учител, актер, бизнисмен… Жената е среќа. Жената е свет. Жената е универзум. Жената е книга. Жената е приказна.Жената e храбра. Жената е самостална и независна.Жената e успешна. Жената може да прави многу работи одеднаш.Жената се грижи за себе, за семејството, за пријателите. Жената се грижи за својот изглед. Жената дава ЖИВОТ.

***

Се надевам дека оваа емисиjа ќе ги инспирира и ќе ги разбуди оние жени кои се заборавиле во секојдневните обврски, кои заборавиле да се ценат и почитуваат како индивидуи, кои претрпуваат семејно насилство и премолчуваат, кои се угнетувани и понижувани затоа што се ЖЕНИ, кои се непочитувани затоа што се ЖЕНИ, кои си ставиле еден тон комплекси на себе заради нереализирани сништа. Се радувам доколку успеам да ве потсетам што всушност значеше нашето постоење како ЖЕНИ и ви ја вратам вербата во тоа што навистина сте! Со цел да се направи добар баланс на машко- женската енергија, за да живееме сите во мир, љубов и хармонија.

Со љубов,

ваша Стефанија.

„Со љубов Стефанија“ нова забавна и едукативна емисија,
посветена на музика, култура, спорт, исхрана и филозофија на живот, секоја недела во 20:45ч. на хдтв Мега.

Гостинка : Јасмина Јошевска, автор и писател

Тема: жената херој, детоксификација на организмот и баланс на машко женската енергија.

* Целосно издание на Емисија бр. 5:

GOLD
To Top