Новости

Шоубиз

Зад Инстаграм гламурот: Ким Кардашијан се соочува со тешки проблеми со псоријаза

Светот е навикнат на беспрекорните селфи-фотки на познатата старлета и нејзиното семејство, но со една објава на Инстаграм, таа ја смени целосната перцепција за проблемите со кои се соочува.

Иако првата асоцијација за Ким е секогаш добро уредени фотографии, шминка и фризура, овојпат таа реши да проговори за своите проблеми со псоријазата.

Таа покажа еден не толку гламурозен дел од својот живот, односно реален проблем со кој се соочуваат многу луѓе во светот – псоријаза.

Ким веќе подолг период се соочува со овој проблем, а не ѝ е првпат на социјалните мрежи да сподели фотка од нејзината кожа, или пак, од третманите, машините и препаратите со кои си помага.

Што е псоријаза?

Псоријазата е генетски предизвикано автоимуно заболување кое се манифестира со лишаи на кожата, кои може да преминат и во ранички.

Нарушувањето не е заразно, а третманот вклучува во полесните случаи кремови со кортико-стероиди, суплементи со витамин Д, зрачење со УВ-ламби, а во потешките случаи треба да се манипулира имунитетот (со лекови наречени имуномодулатори), за да се спречи телото да уништува здрави клетки на кожата.

Почесто се појавува во зима, а како предизвикувачи може да се јават и стресот, депресијата и динамичниот начин на живот кој го скратува одморот и редовните оброци. Псоријазата не се лечи, но може успешно да се контролира со помош на соодветна терапија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: ЦрноБело

GOLD
To Top