Новости

Шоубиз

За најголемата Д ФИЕСТА ова лето: Djaikovski feat. Lion D, Captain Hook, Tom Novy, Црнила Ремикс, РИБ и Sidi Wacho на Д ФЕСТИВАЛ

Д Фестивал, најголемата фестивалска авантура кај нас спакувана во тридневно изобилство на случувања кои ја обединуваат музичката, уметничката и креативната сцена, и ова лето гарантира моќно, деветто по ред, издание кое од 12-ти до 14-ти јули ќе се одржува во Дојран. Покрај рекордниот интерес забележан со најбрзото досега распродавање на супер-промо билетите, последната потврда дека единствениот open-air музички фестивал во Македонија со секое ново издание станува сѐ посилен и помагичен, пристигнува и со новите имиња кои ја засилуваат атрактивната музичка програма на Фестивалот.

Првото засилување доаѓа од самиот врв на современата домашна сцена! Кирил Џајковски, брилијантниот македонски продуцент и композитор кој важи за еден од најпрепознатливите балкански електро уметници во светот, се враќа на Д Фестивал не само да потврди зошто неговите настапи се секогаш најпосетените, туку oвојпат со live настап да ни го претстави новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Lion D! Несомнено еден од најпочитуваните и најдокажани музички уметници од Балкан е познат по уникатната синергија која ја постигнува, вклопувајќи балкански етно влијанија и традиционален призвук со модерна електронска музика, а особено ценета е и неговата работа на филмска и театарска музика. Неодамна, по подолга дискографска пауза Џајковски се врати на сцената објавувајќи го одличниот сингл „Reminder“, за кој најави дека е само прв во низата нови синглови, што ни потврдува дека публиката на Д Фестивал ќе има привилегија премиерно да чуе дел од новата музика во живо на неговиот настап како хедлајнер на главната бина на Фестивалот.

GOLD
To Top