Новости

Шоубиз

Историскиот настап на David Guetta го означи почетокот на новата ера за Sea Dance Фестивал!

Спектакуларното финале на овогодишниот „СИ ДЕНС“ (Sea Dance) фестивал одржан од 30-ти август до 1-ви септември на плажата Буљарица кај Будва, беше воедно и најдоброто можно заокружување на целата летна фестивалска сезона! Повеќе од 63.000 посетители од над 40 земји од светот продефилираа низ капиите на фестивалот за време на претходните три ноќи, а синоќешниот настап на Давид Гета (David Guetta) освен што ќе остане запишан во музичката историја на овие простори, воедно го означи и почетокот на новата ера за „Си Денс“! Францускиот продуцентски маг пред публиката од неколку генерации, во низа ги претстави своите најголеми хитови, од поновите како „Say My Name“, до апсолутните химни како што се „Titanium“, „When Love Takes Over“ и бројни други, хорски дочекани на преполната главна бина! Сценските фекти какви што досега сме гледале само на фестивалите како што се „Тумороуленд“, „Ултра“ или „ЕГЗИТ“, ја оставија публиката без здив, а непосредноста на Гета и неговата отвореност кон публиката која по оваа карактеристика отсекогаш го издвојувала од останатите најголеми ѕвезди на нашето време, остави длабока трага кај публиката која долго време нема испратено никој друг изведувач со толку силни овации.

 

GOLD
To Top