Новости

Шоубиз

И оваа година голем број Македонци на Егзит

Во неделата со задоцнување од еден час беа отворени вратите на петроварадинската тврдина, а причина затоа беше големото невреме од кое беше зафатен Нови Сад, но сепак немаше промена на програмата, само сатницата беше поместена заради средување на сцените кои беа зафатени од обилниот дожд. Според многу посетители и медиуми низ Србија, на последната вечер главна звезда на фестивалот беше Звонко Богдан со неговиот тамбурашки оркестар.

Сепак забележливи настапи исто така имаа познатиот рапер дизајнер, кој настапи точно на полноќ на главната сцена, каде собра десетици илјади посетители, а саат време подоцна на фјужн стејџ настапи и Тарја, која со својот шарм ги собра симпатиите на неколку илјади фанови кој беа насобрани пред сцената…

Македонската публика отсекогаш е дел од големиот број посетители кој доаѓаат на Егзит, така и оваа година наидовме на дел од македонските егзиташи и ги запрашавме како тие го доживеаја Егзит оваа година.

-Прв пат сум тука и голем дел од времето поминував на главната сцена и на денс арена.
-И јас прв пат доаѓам со друштвото и едвај чекам наредната година повторно да дојдам, затоа што тука успеав во живо да ги видам моите музички идоли.

Според организаторите низ бројки сето ова изгледа вака, на првата вечер на отворањето на Егзит низ вратите поминаа 56.000 посетители, втората 49.000 a третата 24.000, за последната вечер сеуште нема податоци, но се претпоставува дека имаше околу 50.000 посетители.

Од Нови Сад,

Агим Џело

GOLD
To Top